Skip to content Skip to footer

ТВОЈОТ ПИВО ПАРТНЕР ВО МК

Кратка Пиво Приказна

Основани во 2018, започнавме со увоз на крафт пива кои исклучиво ги селектиравме по квалитетот и разноврсноста на стилови наменети за нашиот бар (не е битно ако имаш 100+ пива на твоето мени, доколку 95 од тие пива се идентични едно на друго). 7 години подоцна видовме и се соочивме со сѐ што треба, и што не треба, да се соочи еден оператор на угостителски објект. Тргнувајќи со таа мисла ни се роди идејата и желбата нашата љубов, искуство и експертиза за пивото да ги ставиме на ваше располагање и заедно да растеме и развиваме пивска култура во нашата прекрасна Македонија. Независно дали сте индивидуален љубител на пиво или правен субјект кој ја почитува пивската сцена, ние сме тука за вас.

ЗА СОПСТВЕНИЦИ НА ЛОКАЛИ:

Потекнуваме од угостителската индустрија, што значи свесни сме и запознаени со сите проблеми и компликации со кои се соочувате, па со задоволство би ви помогнале во делот што е поврзано со пиво 🙂

Мисија

Craft Wave Distributors постои со цел да го револуционизира вашето пивско искуство нудејќи повеќе од 70 типови на пиво и услуги. Ние ги поврзуваме локалите, баровите, рестораните, и воедно љубителите на пиво со бран од нови вкусови, нудејќи ексклузивни договори за соработка; незаборавен сервис, услуга и организација за вашите настани; експертиза и знаење поврзани со точеното пиво; големопродажба; малопродажба; и се останато што би ја приближило Македонија поблиску до светската крафт пиво сцена.

Визија

Да станеме водечка сила во развојот на крафт пивo сцената во Македонија – една наточена чаша, едно отворено шише, еден организиран настан по ред – создаваме енергична пивска култура која ги спојува квалитетот, друштвото и забавата под еден бренд.

 

E-mail
Шифра
Потврди шифра